Креативни апартмани во различни хотели ширум светот, дизајнирани за да одговорат на вкусовите на оние кои бараат нешто поинакво, уникатно и помалку ексцентрично.
Апартманот Eloise во хотелот Плаза, Њујорк, САД
Апартманот има две соби, кои целосно се стилизирани за сите мали девојчиња да го доживеат престојот од соништата.
Апартманот Бензинска станица во хотелот V8, Штудгарт, Германија
Моделиран според бензинска станица од минатото.
Хајди собата во хотелот Фокс, Копенхаген Данска
Собата 409 од овој хотел е дизајнирана целосно во стилот на собата на Хајди од истоимениот роман.
Апартманот Рок Стар во хотелот Хард Рок, Пунта Кана, Доминиканска Република
Доколку можете да одвоите 10.000 долари за една вечер, ќе доживеете вистинско рокенрол искуство во апартманот Рок Стар.
Апартманот Speakeasy во хотелот Карлтон, Њујорк, САД
Овој апартман е направен во чест на Прохибицијата во САД (забрана за алкохол) која траела од 1919 до 1933 година.
Апартманот Барби во хотелот Палм Спрингс, Лас Вегас, САД
Уште еден апартман од соништата за сите девојчиња кои ја сакаат популарната Барби. Мал розов рај каде е присутен секој детал од приказната за барбиката.
Апартманот Марија Антоанета во хотелот Севен, Париз, Франција
Овој хотел има повеќе апартмани кои се целосно дизајнирани во стилот на познатите херои и хероини, како Џејмс Бонд, Алиса во Земјата на чудата и Марија Антоанета.
Подводниот апартман Посејдон Poseidon, резорт Наутилус, Фиџи
Подводниот апартман во Фиџи е се уште во изградба и планирано е да биде првиот подземен луксузен еко-резорт.
Собата на Алиса, во хотелот Maison Moschino, Милано, Италија
Модерна рекреација на собата на Алиса, инспирирана од Алиса во Земјата на чудата.