Вкупно 157.000 пластични шишиња биле потребни за изградба на еко мост во романскиот град Темишвар, пишува порталот Il sostenibile.
Овој мост има кружен облик и може да издржи над 200 лица во исто време. Шишињата за изградба на овој мост ги собрале 500 волонтери за само две недели преку организирана акција, чија главна цел била подигнување на свеста за отпадот што се фрла во реките и океаните ширум светот.
Иако не е единствен мост во светот изработен од пластични шишиња, во овој момент е уникатен по тоа што е направен само од донации и волонтерска работа.
Податоците покажуваат дека годишно се произведуваат околу 288 милиони тони пластика, а околу 10 милиони тони отпад останува во океаните и морињата.