
Кинеската платформа Тему, која беше лансирана во Швајцарија во април 2023 година, денес е меѓу петте најдобри онлајн трговци на мало во Швајцарија, според годишното рангирање објавено од консултантската фирма Карпатија.
Според проценките за 2025 година, приходите на оваа платформа за е-трговија во Швајцарија достигнаа една милијарда швајцарски франци (околу 1,09 милијарди евра), што е метеорски раст за период од три години, објавува Swissinfo.
„Со влегувањето на Тему на ранг-листата, ова е прв пат четири играчи да го надминат прометот од една милијарда швајцарски франци“, изјави консултантот и ко-сопственик на Карпатија, Дејвид Морант.











