Tencent купи малцински удел во чешки производител на видео игри

96

Кинескиот технолошки гигант Tencent купи малцински удел во чешкиот производител на видео игри, Bohemia Interactive.

Засега не се знае вредноста на трансакцијата. Инаку, Bohemia Interactive е основана во 1999 година и од тогаш успешно развива видео игри најчесто со воена тематика.

“Актуелното раководство и коосновачите ја задржуваат контролата над работата и ова стратешко малцинско инвестирање ќе ги поддржи сит наши актуелни и идни напори“, изјави Мерек Спанел, извршен директор и косопственик на Bohemia Interactive.

Компанијата прикажа приходи од продажба во висина од 47,04 милијарди долари во 2020 година.

Фото: Freepik