Tertill – роботизиран градинар на четири тркала

38

tertil-robot

Роботот Tertill, на американскиот старт – ап Franklin Robotics, без никаков проблем се справува со плевелот во секоја градина.

Tertill работи со помош на соларна енергија, се движи на четири тркала и многу лесно го елиминира плевелот во градината. Роботот не користи никакви хемикалии, а благодарение на неговиот дизајн, може да ја извршува својата задача и доколку надвор врне дожд.

tertil-1

Вградениот сензор му помага да препознае кога ќе се доближи до одредено растение, по што веднаш се оддалечува без да го оштети. Штом наиде на плевел, веднаш го сече и ја продолжува патролата низ градината.

Во овој момент, Tertill е прототип, а се очекува да се најде во продажба од следното лето, по цена од 250 долари.