Фото: Kickstarter
Американскиот технолошки старт – ап Franklin Robotics направи соларен и водоотпорен робот којшто го елиминира плевелот од градината, пишува Digital Trends.
“ Tertill е робот којшто работи на соларен погон и е наменет за домашните градини. Малиот робот ‘живее’ во зеленчукова или цветна градина и секој ден ја полни батеријата користејќи ја сончевата светлина. Кога батеријата ќе се наполни, почнува да шета низ градината и штом наиде на плевел го сече и ја продолжува патролата низ градината. Овој робот ги решава фрустрирачите аспекти од градинарството“, вели извршниот директор на компанијата, Рори Мекен.
Во Tertill има вградено сензори коишто помагаат да препознава растенија и да не ги оштетува, а својата работа ја извршува и кога врне дожд.
Поставен е на платформата за групно финансирање Kickstarter, каде треба да собере 120.000 долари.