Tesco и Carrefour ги здружуваат силите

21

Британскиот ланец супермаркети Tesco и францускиот малопродажен гигант Carrefour планираат долготрајна стратешка алијанса, којашто ќе ја покрива нивната врска со глобалните снабдувачи и ќе овозможи заедничко купување на производиte.

Договорот доаѓа во време кога европските супермаркети се трудат да се одбранат од дигитални конкуренти како Аmazon.

Се очекува Tesco и Carrefour формално да го официјализираат сојузот за два месеци, пишува CNN.

Најавата доаѓа после само неколку дена откако некои од нивните најголеми конкуренти во Европа кажаа дека формираат алијанса којашто може да ја зголеми нивната куповна моќ.

Некои аналитичари веруваат дека здружувањето на Tesco и Carrefour може да прерасне во многу помоќен сојуз.

Фото: Facebook