Тешко е да се биде богат

24

Неименуван милионер, поранешен директор на ИТ компанија, на социјалната мрежа Quora изјавил дека е навистина тешко да се биде многу богат, притоа наведувајќи четири причини зошто. Да видиме кои се тие:

Големото богатство те прави мрзелив

“Можам да правам се што сакам, а на крајот не правам ништо и поголемиот дел од денот го поминувам пред компјутер, сурфајќи на интернет и пишувајќи по форуми”.

Секогаш сакаш уште

“Имам многу пари, но сакам уште.”

Очекуваш посебна почит од луѓето

“Многу се лутам доколку забележам дека немам кралски третман”.

Веќе немаш цел

“Се чувствувам како да сум го достигнал врвот на својата кариера”.

Колку е тешко да се биде милионер? Пресудете сами.