
Американската компанија за производство на електрични автомобили „Тесла“ забележа голем пад на регистрациите во Европа во ноември, што, според аналитичарите, е последица на зголемената конкуренција од Кина и политичките контроверзии околу сопственикот на „Тесла“, Илон Маск.
Регистрациите во Франција се намалија за 58 проценти на годишно ниво на 1.593 возила, во Шведска за 59 проценти на 1.466 и во Данска за 49 проценти на 534 автомобили, според официјалните податоци за ноември.
Спротивно на тоа, Норвешка го отфрли трендот и постигна рекордни месечни резултати, објавува „Ројтерс“.











