Tesla би можела да произведува респиратори за болници кои лекуваат пациенти со коронавирус

120

Основачот на Tesla, Илон Маск не се придржува кон препораките и не планира да ја затвора својата фабрика во Калифорнија, но преку Twitter најави дека неговата компанија е подготвена да произведува респиратори за болници коишто се соочуваат со недостиг од медицински материјали, пренесува Forbes.

“Ве молам пренаменете ја вашата фабрика да произведува респиратори кои се неопходни што е можно поскоро. Јас сум сопственик на автомобил Tesla и ја сакам компанијата. Мора да престанете да бидете идиот за оваа работа. Ова е масовна катастрофа. Прашајте ги докторите“, му напишаа на Twitter на Маск.

На овој твит тој одговори: “Ќе произведеме респиратори ако има потреба“. Тој додаде дека неговата компанија произведува автомобили со софистицирана hvac (Heating, ventilation and air conditioning) технологија… Респираторите не се тешки за производство, но не можат да се произведат веднаш и праша кои болници се соочуваат со недостиг во овој момент.

Фото: Twitter