Tesla доби “зелено светло“ за испорака на Model 3 во Европа

37

Фото: Facebook

Илон Маск доби “зелено светло“ за испорака на електричниот автомобил Long Range Battery од серијата Model 3 на европскиот пазар. Со ова Tesla ќе има можност да застане рамо до рамо со моделите коишто доминираат во Европа, како BMW,  Mercedes-Benz, Volkswagen и Audi.

Испораките на Model 3 ќе започнат од следниот месец откако на компанијата и беше дадена дозвола од холандскиот овластувач за возила RDW, пишува Bloomberg.

Со тоа, Tesla ќе може да ги продава своите возила на континентот без да бара поединечна дозвола од секоја земја членка на ЕУ. Европската продажба на Model 3 доаѓа во критично време за компанијата откако Илон Маск отпушти 7% од своите вработени, со цел да ги намали трошоците за производство.