Тесла доби „зелено светло“ за производство на е-возила во Германија

Германските власти одобрија Тесла да започне со производство на електрични возила  во својата прва голема фабрика во Европа, која е изградена во Берлин.

Одлуката е донесена по повеќемесечни одложувања и спорови и го отвори патот на компанијата за електрични автомобили да започне со производство на својот спортски автомобил Model Y, пишува New York Times.

Тесла планира да произведува 500.000 електрични автомобили годишно во германската фабрика.

Автомобилската компанија Илон Маск ризикуваше претходните две години и иако ја немаа потребната документација почнаа да градат, a постоешеможност фабриката да биде срушена.