Tesla ги надмина очекувањата за остварување профит, акциите растат

64

Американскиот производител на електрични автомобили Тesla изненади со резултатите за третиот квартал оваа година, што ги надмина очекувањата на аналитичарите, на начин што остварува профит веќе петти последователен квартал.

Вредноста на акцијата се искачи за 4,3% по објавувањето на резултатите на 440,81 долари, објави Seebiz.

Приходите се искачија на рекордни 8,77 милијарди долари, од 6,30 милијарди долари една година порано. 

Фото: Facebook