Тесла ги покори сите ривали – само нив не им недостасуваат чипови

84

Компанијата на Илон Маск, Тесла, очигледно не знае за криза, барем кога станува збор за чипови.

Американскиот гигант подобро ги решава предизвиците: во периодот од јули до септември, Tесла испорача рекорден број возила, додека, на пример, Škoda го прекина производството, токму поради недостаток на полупроводници.

Во споменатиот период, империјата на Маск испорача дури 20 отсто повеќе единици од лани, а приходот изнесуваше 13,76 милијарди долари (наспроти 8,77 милијарди од 2020 година). По минатогодишниот брз раст, акциите на Teсла  пораснаа за речиси 30% во 2021 година и веќе вредат повеќе од 900 долари.Компанијата продаде 241.391 автомобили.