Тесла го продолжува својот успех во 2023 година

88

Тесла слави уште поголем успех во 2023 година, откако компанијата објави дека нејзината најнова заработка ги надмина очекувањата, забележувајќи рекордни приходи од 24,32 милијарди долари. Цената на акциите на компанијата се зголеми за околу 64% оваа година – далеку над повеќето други акции со кои се тргува.

Извршниот директор и главен акционер, Илон Маск, продаде 39 милијарди долари од своите акции минатата година за да го финансира купувањето и управувањето со Twitter. Некои акционери на Тесла, наводно, биле незадоволни што Маск троши време на управување со Твитер бидејќи како резултат на тоа потенцијално би можел да биде помалку фокусиран на Тесла. Тоа изврши притисок врз цената на акцијата на Tesla, која падна за 39,6% во декември.

Со оглед на тоа што договорот со Твитер беше завршен, а резултатите на Тесла ги надминаа очекувањата и фактот дека во Кина бројот на испораки на Тесла во јануари скокна за 18,4% во однос на декември минатата година, тоа доведе многу големи инвеститори како Џорџ Сорос да се приклучатт. Во претходниот квартал Сорос купи речиси четврт милион акции од компанијата.