Tesla Motors стана првиот производител во светот кој направи милион возила на струја, а веста за овој успех ја објави на Twitter првиот човек на компанијата Илон Маск.
“Честитки до тимот на Tesla што го направи нашиот милионити автомобил“, твитна Илон Маск.
Јубилејното возило е новиот електричен кросовер – Model Y, а овој производител во моментов во својата понуда има четири модели, два седани (Model S и Model 3) и два кросовери (Model X и Model Y).