Tesla испорача 443.956 возила во вториот квартал од 2024 година, 4,8% помалку од минатата година

62

Американскиот производител на електрични автомобили Тесла објави дека испорача 443.956 возила во вториот квартал од 2024 година, што е за 4,8 отсто помалку во однос на истиот период минатата година.

Резултатот сепак ги надмина очекувањата на експертите од Волстрит кои очекуваа Tesla да испорача 439.000 автомобили во вториот квартал на 2024 година, пренесува CNBC.

Компанијата објави и дека произвела 410.831 возила во вториот квартал од 2024 година.