Тесла ја прекинува работата во фабриката во Шангај

Тесла планира да го прекине производството во фабриката во Шангај на најмалку еден ден, бидејќи е најавено дека кинескиот финансиски центар воведува локдаун во две фази за да спроведе тестирање за Ковид-19, објави Блумберг њуз.

Производството на „Тесла“ ќе биде прекинато денеска, изјавиле за њујоршката агенција извори запознаени со планот, додавајќи дека производителот на електрични автомобили се уште не ги информирал работниците дали прекинот на работата ќе продолжи и во наредните денови.

Локалните власти во Шангај во неделата објавија дека сите компании и фабрики ќе мора да го прекинат производството или да работат од далечина за време на карантинот.