Тесла ќе гради фабрика во Мексико

23

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор изјави во вторникот дека компанијата за електрични автомобили Тесла се обврзала да изгради фабрика во Монтереј, индустриски центар во северната држава Нуево Леон, пренесе АП.
Лопез Обрадор рече дека извршниот директор на Tesla, Илон Маск, му го ветил тоа за време на телефонскиот разговор во понеделникот.

Претседателот на Мексико претходно го отфрли Нуево Леон како потенцијално место за централата бидејќи регионот претрпе голем недостиг на вода.

Сепак, како што наведе, компанијата на Маск понудила да преземе „низа обврски за да го реши тој проблем“, пренесе агенцијата Танјуг.