
Американската компанија Тесла ќе гради гигафабрика во Шангај за производи што се користат за складирање на енергија, објави кинеската државна агенција Ксинхуа.
Кинеската државна новинска агенција, која прва ја објави веста, наведува дека производителот на електрични автомобили со работа ќе почне во третиот квартал од оваа година, додека производството ќе почне во вториот квартал на 2024 година.
Фабриката ќе може да произведува 10.000 мегабатерии годишно, многу големи батерии што се користат за складирање на електричната енергија доволна за широка потрошувачка. Компанијата ја најави новата фабрика со фотографија од потпишувањето на договорот во Кина.
– „Тесла“ отвора фабрика за батерии „мегапак“ во Шангај, за да го надополни производството во фабриката во Калифорнија – објави Маск на Твитер.
Фото: Facebook











