Tesla ќе ја преземе германската компанија ATW

76

Американската компанија Tesla ќе ја преземе германската ATW Automation, којашто монтира модули за акумулатори за автомобилска индустрија.

ATW е подружница на канадската компанија ATS Automation Tooling Systems, пренесува порталот SEEbiz.

Канадската компанија веќе подолго време е пред банкрот поради нагло опаѓање на нарачките, а пред една недела објави дека ќе продаде дел од своите средства во Германија, без да прецизира кој е купувачот. ATW има 120 вработени.

Фото: Pixabay