Tesla ќе поставува полначи во Хрватска

27

Откако пред пет месеци почна со продажба на возила во Хрватска, американскиот производител на електрични автомобили, Tesla сега најави дека почнува со интензивна изградба на полначи за своите возила.

Новите полначи Tesla ги нуди бесплатно во замена за земјиштето на коишто ќе може да ги постави полначите. Тоа значи дека ќе ги покрие сите трошоци за изградба и одржување.

Во Хрватска, како што пренесуваат тамошните медиуми, во овој момент има 44 брзи полначи за електрични возила на коишто може да се полнат и возилата на Tesla, а се наоѓаат на осум локации во Хрватска.

“Возилата на Tesla се опремени со систем за навигација што возачите ги насочува кон брзите полначи во близина и така постојано носи нови и обезбедува враќање на верните купувачи“, наведуваат од Tesla.

Тesla во Европа има околу 600 супер брзи полначи.

Фото: Pixabay