Tesla ќе започне со производство на автомобили во европската гигафабрика до крајот на годината

86

Илон Маск на крајот на 2019 година објави дека четвртата гигафабрика на Tesla ќе се гради во Германија во близина на Берлин. Изградбата во моментов е во завршна фаза, но извршниот директор на Tesla во саботата објави дека производството на електричните автомобили Model Y ќе започне до крајот на годината.

По тој повод, Tesla минатиот викенд го одржа настанот „Гига-фест“, каде што луѓето пееја, танцуваа, јадеа и пиеја многу, а локалната популација исто така можеше да ја посети фабриката. Видеа од забавата се појавија и на Твитер.

Но, иако се е при крај, Tesla се уште чека одобрување за фабриката, бидејќи локалните власти моментално го проценуваат нејзиното влијание врз животната средина на областа, благодарение на бројните поплаки од еколошките групи за употреба на вода во фабриката и оштетување на дивиот свет, пишува Блумберг.

Маск од оваа причина рече дека компанијата ќе засади повеќе дрвја отколку што ќе исечат за време на изградбата на фабриката и дека ќе користи мали количини вода.

Потсетуваме, Маск при објавувањето на изградбата на европската фабрика рече дека има за цел да произведува половина милион автомобили годишно и дека главно ќе се фокусира на возилата од моделот 3 и моделот Y.