
Американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“ лансираше услуга за роботско такси во Мајами, продолжувајќи го проширувањето на својата мрежа на автономни возила во Соединетите Американски Држави.
Новата услуга е дел од стратегијата на извршниот директор Илон Маск да го базира идниот раст на компанијата врз развојот на вештачката интелигенција, роботиката и автономното возење, а воедно постепено да ја намалува зависноста од продажбата на електрични автомобили, објави Ројтерс.
Лансирањето на роботаксито во Мајами следи по воведувањето на истата услуга во Остин во јуни, додека компанијата планира понатамошно проширување во Далас и Хјустон.












