Tesla Model Y ќе стане најпродаваниот автомобил во светот

61

Според некои медиуми, моделот Y на Tesla е на пат да стане најпродаваниот автомобил во светот.

Говорејќи на годишното собрание на акционери на Tesla, извршниот директор Елон Маск рече дека Model Y ќе биде најпродаваното возило во светот од перспектива на приходи оваа година.

Маск тврди дека Model Y ќе биде возило број еден во светот кога станува збор за вкупниот обем на продажба во 2023 година, пренесе Electrek.

Во моментов, Toyota Corolla е најпродаваното возило во светот. Минатата година беа продадени приближно 1.150.000.

Tesla брзо го зголемува обемот на продажба секоја година, и покрај тековните проблеми со синџирот на снабдување. Кога ваквите проблеми ќе се ублажат, а гига фабриките во Тексас и Остин работат со полн капацитет, сосема е можно Model Y да стане најпродаваното возило во светот по вкупен волумен.

Tesla поставува големи цели на краток и на долг рок, од кои првата е да има стапка на производство од 2 милиони автомобили до крајот на оваа година. Volkswagen има за цел да произведе 1,5 милиони електрични возила до 2025 година, Ford се надева дека ќе произведува 2 милиони електрични возила годишно до 2026 година, а General Motors вели дека сака да произведе еден милион до 2025 година.

Соопштението дојде на годишниот состанок на акционерите на брендот, каде што извршниот директор Маск рече дека „ако сè оди според планираното, од 2022 година ќе излеземе со 2 милиони возила“, пишува Automotive News.

Маск исто така призна дека брендот морал да направи неколку промени поради променливите како што е инфлацијата, која што не може да се предвиди.