Тесла мора да повлече 363.000 автомобили поради софтверска грешка

62

Американската компанија Тесла најави дека ќе повлече 363.000 електрични автомобили од пазарот поради дефекти во новата верзија на софтверот наменет за овој автомобил.

Според Financial Times, повлекувањето на автомобилот ги опфаќа Model S и Model X произведени помеѓу 2016 и 2023 година, како и Model Y произведен во 2020 година.

„Регулаторното тело на Соединетите Американски Држави нагласи дека пропустите во новата верзија на софтверот може да предизвикаат несреќи“, пишува британскиот весник.

Тесла продаде 1,3 милиони возила ширум светот минатата година. Повлекувањето се однесува на секое возило што ја содржи бета верзијата на софтверот за целосно автономно возење. Инаку, компанијата на корисниците им наплатува дополнителни 15.000 долари за инсталирање на овој софтвер.

Инаку, софтверот кој овозможува автономно возење е во состојба да ја менува лентата за време на возењето, иако возачот сепак мора да внимава на ситуацијата во сообраќајот.

„Сепак, американските регулатори рекоа дека поради дефект во софтверот, тоа може да предизвика проблеми кога возилата влегуваат на раскрсниците. Возилата може да се движат директно низ раскрсниците од лентата за вртење, да не застанат на знакот СТОП или несовесно да возат низ жолто светло на семафор“, се образложува во одлуката.