Произведувачот на електрични автомобили Tesla Motors доби реклама што воопшто не ја нарачала. Рекламата ја изработила калифорниската дигитална агенција Everdream Pictures и поради добрата идеја и изработка, му го привлече вниманието на сопственикот на Tesla, Илон Маск. Тој по Twitter порачал дека би сакал во иднина да соработува со оваа агенција.
Изработката на видеото чинела само 1.500 долари.