Tesla на почетокот на 2021 влегува на индискиот пазар

19

Индискиот министер за патен транспорт и автопати Нитин Гадкари во понеделникот потврди дека американскиот производител на автомобили Тesla ќе влезе во земјата на почетокот на 2021 година.

Гадкари за Indian Express изјави дека производителот на електрични автомобили ќе започне со продажба во земјата, но исто така може да размисли за отворање на производствени и монтажни објекти таму во иднина.

На почетокот на оваа година, извршниот директор на Тesla, Илон Маск изјави дека производителот на електрични автомобили сигурно ќе дојде во Индија во 2021 година.

Цената на паладиумот скокна за над 4% за време на тргувањето во понеделникот поради веста дека најголемиот производител на електрични возила Tesla Inc. може да влезе на индискиот пазар веќе во 2021 година.

Фото: Twitter