Tesla почнува со продажба и монтажа на соларни покриви годинава

38

tesla

Компанијата Tesla ќе почне со продажба и монтирање на соларни покриви до крајот на 2017 година, пишува Business Insider. Цената сè уште не е позната, но како што претходно соопштија од компанијата, соларниот покрив ќе чини помалку од традиционалните покриви.

Извршниот директор на Tesla, Елон Маск во Лос Анџелес ги претстави новите стаклени плочи со интегрирани соларни ќелии, коишто практично не се разликуваат од обичните покриви, и новата Powerwall 2 батерија.

Наместо на постоечките покриви да се ставаат дополнителни соларни панели, во иднина тие ќе бидат покриени со нови соларни плочи, кои гледани од долу се невидливи. Плочите ќе бидат достапни во четири верзии со цел купувачите да можат да изберат кој дизајн најмногу им одговара за нивниот дом.