Тесла повлекува 7.600 возила поради проблем со воздушните перничиња

55

Компанијата за производство на електрични автомобили Тесла, повлекува 7.600 возила во САД, поради потенцијален проблем со воздушните перничиња, соопшти американската државна управа за безбедност во сообраќајот на автопатиштата.

Во соопштението се наведува дека постои можност при активирањето да се скине  воздушното перниче на возачот. Управата посочува дека станува збор за индивидуални модели X и S од 2021 година, објави Ројтерс.

Известувањето до сопствениците се очекува да биде испратено на 7 јануари.