Tesla воведува мини станици за полнење на електрични автомобили во урбани средини

86

tesla-1738969_960_720

Фото: Pixabay

Сопствениците на Tesla возила наскоро ќе можат да ги полнат своите автомобили и во урбани места, стои во официјалното соопштение. Компанијата планира да ја прошири својата Supercharger мрежа во градовите во САД, почнувајќи од Чикаго и Бостон.

Со оглед дека просторот за овие станици за полнење на електрични возила е многу помал во урбаните места, компанијата ќе претстави мини супер полначи. Овие станици ќе бидат инсталирани на погодни локации како, на пример, до супермаркети и шопинг центри со цел возачите да можат да ги наполнат автомобилите додека пазарат и слично.

Цената ќе биде иста како и на претходните станици за полнење на Tesla. Новите мини полначи ќе обезбедуваат 72 киловати за секој автомобил од едно полнење. Брзината на полнење нема се намали доколку некој друг го вклучи своето возило на соседниот мини полнач. Времето за да се наполни еден автомобил ќе биде 45 до 50 минути во просек.