Тест: Колку сте креативни?

39

boi

Фото: Pixabay

Креативноста е исклучително важна карактеристика на човекот. Независно која е вашата професија, таа може да биде од голема полза.

Како и сите останати карактерни особини, така и креативноста може да созрева и да станува се подобра со текот на годините.

За да дознаете дали и во која мера сте ја развиле оваа особина, одговорете со Да или Не на следниве прашања:

Брзо ви се здосадува.

Не се двоумите кога треба да преземете ризик.

Не сакате кога ви поставуваат граници.

Секогаш го слушате срцето.

Правите многу грешки.

Се обидувате да најдете оригинално решение за секој проблем.

Работите самостојно.

Често го менувате мислењето.

Околината ве смета за ексцентрична личност.

Вашите замисли се невозможни според другите, не според вас.

Секој потврден одговор значи доза креативност. Пребројте ги одговорите под Да и ќе видите во колкава мера ја поседувате оваа карактерна особина.