Тестиран првиот лебдечки мотоцикл

50

skorpion

Рускиот старт – ап Hoversurf го претстави својот лебдечки мотоцикл наречен Scorpion – 3, а првиот пробен лет го изведоа во магацинот на компанијата чие седиште е во Сан Франциско. Scorpion – 3 е комбинација на мотоцикл и хеликоптер.

Ова превозно средство може да го користат професионалци, но и аматери, а за негово управување не се потребни посебни вештини.

Scorpio – 3 може да лета 27 минути и да носи тежина од 120 килограми. Максималната брзина што може да ја достигне е 50 километри на час, а може да се подигне на висина од 10 метри, пишува Designboom.

Scorpio – 3 има вграден безбедносен механизам што ја ограничува максималната брзина и висина. Цената изнесува 150.000 долари.