Тестирање па на концерт – Берлин претстави пилот проект за отворање на културни сали

68

Берлинската филхармонија за првпат по повеќе месеци одржа концерт пред многубројна публика, како дел од пилот-проект во кој околу 1.000 лица беа пуштени да влезат откако добија негативен тест на Ковид-19.

Билетите за концертот се распродоа за три минути, рече уметничкиот директор Андреа Сицшман. И покрај растот на новозаболени од Ковид-19 во земјата, има сѐ почести апели да се вратат културните настани во живо.

Пред концертната сала е поставен специјален центар за брзи тестови, каде речиси половина од публиката беше тестирана, а резулатите ги добија на нивните мобилни телефони. Другата половина имаше закажани тестирања во други тест-центри. И покрај негативните ковид тестови, публиката мора да носи медицинска заштитина маска за време на целиот настан, и плус има празни места меѓу нив.

Повеќе културни институции во Берлин се здружија за пилот-проектот, па така за почетокот на април се закажи девет настани.

Берлинскиот претставник за култура, Клаус Ледерер, пред публиката од Филхармонијата изјави дека е среќен што може да го слуша концертот во живо, со оглед на тоа што театрите, концертните сали и другите големи куќи остануваат затворени низ цела Германија.

Фото: Pixabay