Тетекс прокнижи загуба од над 32 милиони денари

42

teteks

Компанијата Тетекс од Тетово оствари загуба од 32.853.000 денари во првите три месеци од оваа година, покажува консолидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Во првите три месеци од годината, компанијата остварила приходи во висина од 50.934.000 денари, додека во истиот период лани тие биле на ниво од 81.143.000 денари. Од вкупните приходи, на домашен пазар се остварени 30.395.000 денари, додека остатокот од 20.539.000 денари се реализирани на странски пазар.

Во истиот период лани, Тетекс оствари нето добивка во висина од 10.097.000 денари.