Тетекс за три месеци прокнижи добивка од над три милиони денари

71

Компанијата Тетекс од Тетово, во првите три месеци од оваа година, оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 3.128.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во истиот период лани, компанијата работеше со добивка од 4.598.000 денари.

Приходите од продажба, заклучно 31-ви март оваа година, достигнаа 33.524.000 денари. Од нив 18.429.000 денари се остварени на домашен, а остатокот од 15.095.000 денари на странски пазари.

“Пандемијата со Ковид-19 очекувано ќе има негативни економски ефекти и врз македонската економија. Последиците од кризата предизвикана од Ковид-19 ќе влијаат на оперативното работење на нашето друштво, на ликвидноста на друштвото, како и на наплатата на нашите побарувања“, велат од компанијата.

Фото: Pixabay