ТЕВ – футуристички автобус за 1.200 патници ќе се движи над возилата

51

teb bus

Во Кина е создаден необичен и футуристички автобус, со капацитет од 1.200 патници, којшто ќе се движи над возилата на патиштата, пишува Russia Today.

Transit elevated bus (TEB) ќе функционира како метро систем поставен над возилата, а е дизајниран да го намали сообраќајниот метеж.

Футуристичкиот автобус, којшто беше претставен на саемот за технологија во Пекинг, во исто време ќе биде и еколошки и ефикасен. TEB ќе се напојува од електрична енергија што ќе ја произведуваат соларни панели поставени на покривот.

Зад дизајнот на автобусот стои компанијата Shenzhen huashi future parking equipment, од каде велат дека тест операциите со TEB ќе бидат реализирани во втората половина на 2016 година.