Пиварницата Guinness го пушти во продажба своето ултра – премиум пиво совршена мешавина на слад од пиво и виски, создадено за послужување во тенки чаши за шампањ без дршка.
Пивото наречено 1759 излезе во продажба токму на време за претстојната празнична сезона. Guinness 1759 е првото од серијата луксузни пива со потпис на пиварницата, што ќе биде произведено во ограничен број.
Во продажба ќе бидат пуштени само 90.000 шишиња, направени со истиот пивски квасец кој Guinness го користи повеќе од 125 години.
Произведено со традиционален пивски слад и слад кој се користи во популарното Шкотско виски, луксузното пиво со килибарна боја, има арома на карамел и хмељ и сладок овошен вкус.
Стандардното шише од 25 oz (740ml) содржи количина за четири чаши, а ќе се продава по цеа од 35 долари.