The Baby – пијано со футуристички дизајн

26

luksuz-fancy-dizajn-klavir-baby-99Пијаното The Baby, што е обложено со дијаманти, чини неверојатни 912.000 долари.

Компанијата Goldfinch, што стои зад изработката на овој скапоцен инструмент, ги здружи силите со реномираното уметничко студио од Лондон, Based Upon, со цел да го создаде ова ремек дело.

Пијаното е сместено во уникатна скулптура која што е рачно изработена. Обликот е инспириран од мистериозните шаблони што се повторуваат и создаваат футуристички форми, флуидни облини и линии кои на изглед се протегаат до бескрај.

Based Upon девет години работеше на концептот за скулптурата. Студиото дизајнираше специјална серија на таблети и конзоли со овој неверојатен концепт.

Со дизајнот на скулптурата, инструментот добива “нов живот”, благодарение на трите овални делови што се одвојуваат од својата база магично откривајќи го The Baby.

goldfinch_4__nmlo

luksuz-fancy-dizajn-klavir-baby (3)luksuz-fancy-dizajn-klavir-baby (4)

luksuz-fancy-dizajn-klavir-baby (6)