The DogHouse – хотел со џакузи, базени и спа третмани со пиво

104

pivo1

Компанијата за производство на пиво BrewDog планира да отвори пивски хотел во Охајо. Во хотелот, наречен The DogHouse, ќе бидат инвестирани околу 7,3 милиони долари, а за оние кои ќе учествуваат во неговото финансирање ќе бидат наградени со бесплатно ноќевање и гравирање на нивните имиња на бочвите.

pivo2Фото: Indiegogo

Пивскиот хотел ќе има околу 50 соби и во него ќе се служи пивски појадок, а ќе има и џакузи и базени исполнети со пиво. Во секоја соба ќе има апарат за точење на пиво и фрижидер со пиво во бањата. Гостите ќе може да уживаат во спа третмани каде ќе се користат креми од јачмен.

Ноќевањето во овој хотел ќе чини 150 долари со вклучен појадок, а во понудата ќе има и луксузната варијанта што ќе чини 2.000 долари.

Од компанијата започнаа кампања на платформата за групно финансирање Indiegogo со цел да соберат 75.000 долари за развој на проектот, а за неколку дена собраа 90% од потребната сума.