The Free Store – продавница што нуди бесплатни оброци

29

downloadoo

Фото: Free Store

Free Store е продавница во Велингтон, Нов Зеланд, што нуди бесплатна храна на секого, пишува Yes Magazine. Идејата започна уште пред седум години како две неделен проект на уметникот Ким Патон, за да стане непрофитна организација што придонесува за околината на хуман начин. Фрлањето на храна е глобален проблем, а токму тоа била причината да се започне со Free Store.

Продавницата својата храна ја добива од 65 доставувачи како што се: супермаркети, пекари, кетеринг компании, кафетерии и слично. Помагаат и волонтери кои од 17 до 18 часот секој работен ден даваат храна на луѓето кои доаѓаат во продавницата.

Оброците се најразлични, од ориз и салати до сендвичи и пити. Free Store дистрибуира од 800 до 1.500 оброци секоја вечер или 250.000 на годишно ниво.

Секоја година луѓето од Нов Зеланд фрлаат 120.000 тони храна, што е само дел од 1,3 милијарди тони фрлени намирници на глобално ниво.