ТИ: Македонија на 67-мо место според инексот на корупција

21

ti Република Македонија е рангирана на 67-то место според индексот на корупција во извештајот на Транспаренси интернешенл за 2013 година, што е за две места подобрено во споредба со минатата година.
Според објавениот извештај, пред Македонија на оваа листа се Хрватска (57), Турција (53) и Словенија (43).
Македонија го дели 67-то место со Црна Гора, додека Босна и Херцеговина и Србија се на 72-то место. Од нашите соседи, Бугарија е 77, Грција 80, Косово 111 и Албанија на 116 позиција.
Данска, Нов Зеланд и Финска се на врвот од ранг листата, а Авганистан, Северна Кореја и Сомалија се на самото дно. Во испитувањето биле опфатени 177 земји.
Во извештајот е констатирано дека не постои држава во светот која има совршен резултат во борбата против корупцијата. Две третини се со 50 бодови од можните 100 преку кои се мери корупцијата.
Транспаренси интернешенл констатира дека корупцијата станува се посериозен проблем и дека е потребно да се преземат сериозни мерки за нејзино спречување.
Индексот за перцепцијата на корупцијата се мери со скала од 0 до 100, така што колку е поголема корупцијата во една земја, толку помалку поени има.