TikTok ќе биде во сопственост на американски инвеститори

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека помогнал во спасувањето на платформата TikTok, наведувајќи дека во иднина таа ќе биде во сопственост на група големи американски инвеститори и ќе игра важна улога во јавниот простор.

„Многу сум среќен што помогнав во спасувањето на TikTok! Сега таа ќе биде во сопственост на група големи американски патриоти и инвеститори, најголемите во светот, и ќе биде важен глас. Заедно со други фактори, таа беше одговорна за мојот, толку добар, резултат од гласањето на младите на претседателските избори во 2024 година“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Тој им се заблагодари на потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, и на членовите на неговата администрација за нивниот придонес во договорот, кој го опиша како драматичен и конечен заклучок на процесот.