Тило Куш е нов извршен директор на Македонски телеком

25

Telekom MakedonijaДосегашениот главен директор за финансии во Маѓар телеком, Тило Куш, е новиот извршен директор на Македонски телеком. Одлуката беше донесена на денешната седница на Годишното собрание на Македонски телеком.

“Куш доаѓа на позицијата главен извршен директор на компанијата на местото на Даниел Сас, чија оставка е констатирана на седницата, а кој ја продолжува кариерата во компанија во Унгарија”, изјави по седницата Диме Ковачевски, извршен директор за комуникации во Македонски телеком и Т-Мобиле.

На седницата на Собранието на акционери е усвоена и одлука за исплата на дивиденда за 2012 година во вкупен износ од 5.646.607.282 денари или 91,8 милиони евра. Од вкупниот износ на дивидендата Владата ќе добие 35,5 милиони евра согласно 38,68% од акциите што ги поседува во Телеком. Исплатата на дивидендата ќе се изврши во периодот помеѓу 17 и 30 април.