Tilt Brush – алатка што ја трансформира просторијата во 3D-моделска работилница

21

brush

Фото: Tilt Brush

Tilt Brush е алатка за Oculus и HTC Vive развиена од Google, а е наменета за дизајнери и уметници помагајќи им да креираат 3D објекти во виртуелна реалност.

Оваа алатка ја претвора просторијата во платно за изразување на креативни идеи, овозможувајќи им на корисниците со помош на 3D четка да сликаат во реални размери.

Tilt Brush има виртуелна палета од различни бои и ефекти и собата може да се обои во различна боја и да се додадат ефекти како снег, оган или чад.

Оваа алатка ќе им помогне на архитектите подобро да го визуелизираат просторот за време на почетните фази на дизајнирање и со тоа да развијат подобри решенија за дизајн, пишува Arch Daily.