Тим Кук во Кина- Тоа ја истакнува важноста на овој пазар

Во Кина, поточно во Пекинг се одржува Форумот „Појас и пат“.

Се собраа голем број еминентни луѓе од светот на политиката и бизнисот, но малкумина очекуваа присуство на шефот на Apple, Тим Кук, иако кинескиот пазар е столбот на производството на iPhone.

Имено, тензиите меѓу САД и Кина се добро познати, а бидејќи овој Форум е тесно поврзан со геополитички прашања, а не нужно деловни, во медиумите се наведува дека „Тим Кук неочекувано го посетил Пекинг“.

Аналитичарите, пак, велат дека неговата посета ја истакнува важноста на овој пазар за американската компанија.

Кук присуствуваше на настан за игри во градот Ченгду и објави видео од настанот на кинеската социјална мрежа Weibo, пренесува CNBC. Се додава дека тој ја посетил азиската земја пред нешто помалку од еден месец, откако водечкиот паметен телефон на Apple, iPhone 15, беше пречекан со „млак“ прием на пазарот.

Компанијата „Counterpoint Research“ објави дека продажбата на iPhone 15 во Кина во првите 17 дена била за 4,5 отсто помала, во споредба со продажбата на iPhone 14.

– Ова е секако тежок почеток за Apple, предизвикан од комбинација на различни фактори – изјави помошникот директор на компанијата, Итан Ки. Тој смета дека проблемите на Apple се последица на лошото расположение на потрошувачите, но и полошите перформанси на тој модел во однос на iPhone 14.

Причината за тоа е секако зголемената конкуренција на пазарот на паметни телефони.

Фото: facebook