Тим Кук заработил 41,5 милиони долари од продажба на акции

27

Извршниот директор на Apple, Тим Кук, заработил 41,5 милиони долари  приход по продажбата на акции во последните две години, се вели во поднесокот до Комисијата за хартии од вредност на САД.

Кук продал 511.000 акции, вредни околу 87,8 милиони долари пред оданочување, се вели во поднесокот. Претходно, Кук заработи 355 милиони долари од продажбата на акции во август 2021 година, пренесува Ројтерс.

По последната продажба, извршниот директор на Apple поседува околу 3,3 милиони акции, со вкупна вредност од околу 565 милиони долари, се вели во поднесокот. Акциите на Apple паднаа за 13 отсто во јули од рекордно високо ниво од 198,23 долари по акција, бидејќи инвеститорите се загрижени за побавно закрепнување на побарувачката за паметни телефони.

Минатиот месец Apple го претстави и објави својот нов модел на мобилен телефон iPhone 15, кој се продава по иста цена како и постариот модел. Аналитичарите кои ја следат индустријата оценија дека ова е одговорот на компанијата на глобалниот пад на побарувачката.