Тим од Србија осмисли сушница за овошје и зеленчук со максимална енергетска ефикасност

301

suseno ovosje

Тим од Србија стои зад идејата за прототип на автоматизирана проточна сушница за овошје, зеленчук и зачини, а истата е заснована на принципите на енергетска ефикасност.

За разлика од постоечките сушници на овошје и зеленчук, оваа иновација овозможува сировите производи да се движат низ самата сушница, што носи голем број предности.

tim za susnica

“Проточноста на сировите производи во процесот на сушење овозможува целосна автоматизација на процесот, од сиров до готов производ. Нашата сушница користи и обновливи извори на енергија, односно соларни панели што ја греат водата. Водата секундарно се дозагрева и влегува во менувач што го загрева воздухот на одредена температура, а потоа со помош на вентилатори кружи низ сушницата. Со иновацијата која се однесува на константна концентрација на влага во просторот, се добива максимална енергетска ефикасност“, вели Игор Којчиќ, менаџер на проектот, за порталот Е – Капија.

Прототипот на сушницата ќе има капацитет за 350 до 500 килограми сливи, со оглед на тоа што капацитетите на сушниците се мерат во капацитет за сушење сливи.

igor_kojcic_120814“Сушницата ќе биде модуларна, што значи дека лесно ќе може да го прилагодиме капацитетот од 350, се до 2.000 килограми. Поради самата конструкција на сушницата и различните технички решенија, но и користењето на соларни панели, очекуваме значителна заштеда на енергија. Секундарно, нашата сушница ќе користи и биомаса“, додава тој.

Сушницата примарно е наменета за малите претприемачи и земјоделци. Со оглед на тоа што се адаптира, лесно може да се прилагоди на тековните потреби.