Тинејџер дизајнираше сензор за да им помогне на лицата со Алцхајмерова болест

55

kenet i negoviot dedo

Тинејџерот Кенет Шинозука живее во Њујорк со своето семејство, а неговиот дедо е еден од 5,2 милиони Американци заболени од Алцхајмерова болест. За да му го олесни животот со оваа дегенеративна болест, Кенет од пред две години почнал да работи на развој на уред, што ќе спречи неговиот дедо да станува од кревет без надзор од некој до членовите на семејството.

Поголемиот број од лицата заболени со оваа болест имаат навика среде ноќ да стануваат од кревет и да се оддалечат од дома, што понекогаш може да доведе до повреди, но и смртен исход.

kenet senzor

Кенет изработил сензор, што лесно може да се постави на стапалото на неговиот дедо. Штом тој стане од креветот и со стапалото притисне на подот, сензорот веднаш го регистрира тоа и испраќа информации на телефонот преку Bluetooth.

Со неговиот сензор, Кенет беше меѓу финалистите на натпреварот за млади научници на Google, но не успеал да победи. Но, магазинот Scientific American, што наградува проекти кои се однесуваат на околината, ресурсите и здравјето, го препознал неговиот талент. Кенет добил 50.000 долари за да може да го развива својот проект, а ќе добие и менторска помош, за да може уредот да им биде достапен на поголем број лица заболени од Алцхајмерова болест.