Тинејџер награден за софтвер што детектира мутации во гените што предизвикуваат рак на дојка

36

nagrada

Петнаесетгодишниот Натан Хан од Бостон го освои првото место за развој на софтвер, кој детектира мутации во гените што предизвикуваат рак на дојка, на Science and Engineering Fair (Intel ISEF) на Intel во Лос Анџелес, во програмата Society for Science & the Public.

Користејќи податоци од јавно достапните бази на податоци, Хан детално ги прегледал карактеристиките на повеќе мутации во генот BRCA1, кој е заслужен за спречување на појавата на тумори со цел да го “научи” софтверот да ги разликува мутациите што водат кон почетокот на болеста, од оние што не водат. Неговата алатка е со 81% точност и може да се користи за прецизно идентификување на ризикот од рак. Натан Хан е почестен со наградата Gordon E. Moore во вредност од 75.000 долари, која е именувана според научникот и коосновач на Intel Corporation.

top three with confetti 2

Оваа година, околу 1.700 млади научници беа избрани за да се натпреваруваат на Intel ISEF. Тие беа избрани од 435 партнерски саеми во повеќе од 70 земји, региони и територии. Повеќе од 500 финалисти добија награди и признанија за нивните иновативни истражувања.

Intel е главниот спонзор на ISEF од 1997 година. Овој саем, Society for Science & the Public (SSP), претходно беше познат како Science Service, а започна како National Science Fair во Филаделфија во 1950 година. Стана меѓународен саем од 1958 година, кога Јапонија, Канада и Германија се приклучија на конкуренцијата.